Русија го дели четвртото место со Еквадор на листата со најлоши економии во светот во 2016 година, се вели во прогнозата на експертите во анкетата на „Блумберг“. Се очекува БДП-то на Русија да се намали за половина процент на крајот на годината, пренесува „Лента.ру“.
Уште полоши показатели се предвидуваат за Венецуела (пад на ниво од 3,3 проценти), Бразил (2,5 проценти) и Грција (1,8 проценти). Останатите држави на листата - Аргентина, Јапониа, Хрватска, Финска и Швајцарија) ќе покажат позитивен раст во 2016 година, но неговото темпо ќе биде релативно ниско.
Се очекува од најголемите економии на светот најдобри резултатите да покаже Индија (раст од 7,4 проценти). Кина ќе се развива побавно и ќе има раст за 6,5 проценти. Притоа експертите ја оценуваат веројатноста од рецесија во Кина на 12 проценти.
Сите пет позиции за земји со економии со најбрз развој се од Азија. Покрај Индија и Кина, тука се и Шри Ланка, Бангладеш и Виетнам. Кај европските земји највисоко темпо на раст се смета дека ќе имаат Романија (3,8 проценти) и Полска (3,5 проценти).
Според прогнозата на Светската банка, БДП-то на Русија во 2016 година ќе се намали за 0,7 проценти. Во исто време Министерството за економски развој на РФ предвидува пораст за 1 процент. На 9 декември премиерот на РФ Дмитриј Медведев изјави дека падот на економијата на земјата и производството е запрен и дека во 2016 година ќе бележи пораст.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче