Претседателот на РФ Владимир Путин смета дека е апсурдно реализацијата на „Минската спогодба“ да биде услов за укинување на санкциите против Русија: не може да се бара од Москва она што треба да го стори Киев, и ги повика лидерите на Германија и Франција подлабоко да навлезат во суштината на тој проблем.
„Зборувавте за санкциите. Сите велат дека треба задолжително да се исполни „Минската спогодба“ и тогаш може повторно да се разгледа прашањето за санкциите. Верувајте ми, тоа сега добива карактер на театар на апсурдот, затоа што најважното што треба да биде сторено за реализација на „Минската спогодба“ лежи на страната на сегашните киевски власти. Не може да се бара од Москва она што треба да го стори Киев“, рече Путин во интервјуто за германски „Билт“.
На тој начин, според зборовите на претседателот на РФ, во целиот процес на регулирање се клучни прашањата од политички карактер, а во нивниот центар лежи уставната реформа.
„Тоа е 11 точка од „Минската спогодба“. Таму директно стои дека треба да биде спроведена уставна реформа, при што Москва не е онаа што треба да ги донесе тие одлуки! Еве погледнете, имаме сѐ забележано: спроведување на уставна реформа во Украина со стапување на сила до крајот на 2015 година. Точка 11. 2015 година измина“, истакна рускиот претседател.
„Нашите европски партнери – и канцеларката на Германија, и претседателот на Франција – треба некако повеќе да се задлабочат, ми се чини, во тие проблеми“, смета Путин.
„Мислам дека тие имаат многу свои проблеми. Но кога веќе се занимаваме со тоа, тогаш треба да се посериозно да ги проучат“, потенцира рускиот лидер.
„Како е можно да се бара од Москва она што треба да го решат во Киев нашите колеги?“, заклучува Путин, а пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче