Путин: Меѓународниот тероризам беше инструмент во борбата против Русија

За нас е очигледен фактот дека меѓународниот тероризам е користен во борбата против Русија, а никој или не обрнуваше внимание на тоа или тоа го поддржуваше давајќи им на антидржавните сили во Русија политичка, информациска, финансиска, а понекогаш дури и вооружена помош, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германски „Билт“.

Антидржавните сили во Русија однадвор добиваа политичка, финансиска, а понекогаш и вооружена поддршка, а меѓународниот тероризам е користен во борбата против нашата земја, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Рековте дека изложив сѐ за што сметаме дека се грешки на Западот. Воопшто не изложив сѐ, туку само го наведов она најважното. По распадот на Советскиот Сојуз кај нас внатре во Русија се одвиваа исто така сложени процеси. Тоа е падот на индустриското производство, распадот на социјалниот систем, сепаратизмот и особено очигледниот напад од меѓународниот тероризам, изјави Путин во интервјуто за германски „Билт“.

Рускиот претседател изјави дека меѓународниот тероризам е користен во борбата против Русија.

„Се разбира, самите сме виновни за тоа, што да се каже, не треба никого да обвинуваме. Но за нас е очигледен фактот дека меѓународниот тероризам е користен во борбата против Русија, а никој или не обрнуваше внимание на тоа, или тоа го поддржуваше давајќи им на антидржавните сили во Русија политичка, информациска,  финансиска, а понекогаш дури и вооружена помош. И се разбира, тогаш сфативме дека разговорите се едно, а геополитичките интереси нешто сосем друго“, изјави рускиот претседател.

 

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња