Порошенко: Украина ќе се снајде без рускиот гас

Украина одбива да купува руски гас дури и по намалена цена.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека граѓаните на неговата земја ќе можат да се снајдат и без гасот од Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Руската Федерација ни објави и трговска војна, но ние ќе успееме да се снајдеме и без рускиот гас, нашите произведувачи ќе најдат нови пазари“, рече Порошенко.

Претходно украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Украина нема да купува руски гас, затоа што „Гаспром“ бара превисока цена за енергенсот.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња