Француските одбојкари по поразот од Русите ја пееја „Калинка“

Одбојкарите на репрезентацијата на Франција му ја честитаа на рускиот тим победата во финалето на олимпискиот квалификациски турнир за ОИ-2016 со песната „Калинка“.

Рускиот репрезентативец Алексеј Вербов на својот Инстаграм-профил објави снимка на која француските репрезентативци, откако се најдоа во ист ресторан со Русите, ја запеаја и заиграа познатата руска песна „Калинка“. Вербов ја објави снимката со коментар: „Почит за момчињата!“.

Репрезентацијата на Русија во неделата со победата над Франција директно се пласираше на Олимписките игри во Рио, додека Франција ќе мора да игра на светскиот квалификациски турнир во Токио.

Француските одбојкари се актуелен шампион на Европа, а Русите ќе ја брант титулата на ЛОИ во Рио. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.