Во 2010 година најголема доверба кај Русите уживале научник и свештеник. Пред помалку од 5 години првите три места ги заземале политичарите, чиновниците и полицајците, ги пренесува „Взгљад“ резултатите од анкетата на Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).
Неодамнешното истражување покажа дека во текот на последните пет години зголемување на довербата кај руските граѓани имаат полицајците и вработените во државните органи. Исто така, позитивна динамика е забележана и кај учителите, војниците, новинарите и претприемачите.
Според анкетата на ВЦИОМ, Русите во моментов најмногу им веруваат на работниците, учителите и војниците. Најмала доверба имаат во политичарите, претприемачите и чиновниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче