Во Украина од денеска стапи на сила уредбата на владата со која се воведуваат ограничувања во трговијата со Русија. Според уредбата објавена на сајтот на владата на Украина, забраната се воведува до 5 август 2016 за увоз на царинската територија на Украина за „стоки со потекло од Руската Федерација, согласно список“, пишува „Комерсант“.
Претходно претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша указот за запирање од 1 јануари 2016 година на важноста на договорот за Зона за слободна трговија (ЗСТ) со Украина. Указот беше потпишан „во врска со ексклузивните околности кои навлегуваат во интересите и економската безбедност на Руската Федерација и кои бараа донесување итни мерки“.
Од своја страна, претседателот на Украина Петро Порошенко на 29 декември со посебен указ ѝ дозволи на владата да примени економски контрасанкции против Русија. Во Врховната рада внесените амандмани на законот „За надворешноекономска дејност“ пратениците ги нарекоа како можност „да се применат адекватни мерки од економски карактер спрема државата-агресор“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче