Руските одбојкарки се квалификуваа на Олимписките игри

Одбојкарките на репрезентацијата на Русија во финалето на европскиот олимписки квалификациски турнир ја победија во 4 гема репрезентацијата на Холандија и директно се квалификуваа за учество на Олимписките игри 2016 година во Рио де Жанеиро.

Одбојкарките на репрезентацијата на Русија во финалето на европскиот олимписки квалификациски турнир што се одржуваше во Анкара, ја победија во 4 гема репрезентацијата на Холандија и директно се квалификуваа за учество на Олимписките игри 2016 година во Рио де Жанеиро. Ова го соопшти Европската одбојкарска конфедерација (CEV).

Решавачкиот меч заврши со убедлива победа на Русинките со резултат од 3:1 (25:21, 22:25, 25:19, 25:20). Најефикасен играч беше Наталија Обмочаева со 24 поени. Еден поен помалку имаше Татјана Кошелева.

Претходно на турнирот екипата на Јуриј Маричев ја победи репрезентацијата на Турција (3:1), а во натпреварувачката група – Полска (3:2), Италија (3:1) и Белгија (3:0).

31-те Летни олимписки игри ќе се одржат од 5 до 21 август 2016 година во бразилскиот град Рио Де Жанеиро.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња