Русија планира 16 лансирања на интерконтинентални балистички ракети

Ракетните сили за стратешка намена (РССН) планираат двојно да ги зголемат пробните лансирања на интерконтиненталните балистички ракети (ИБР).

Ракетните сили за стратешка намена (РССН) планираат двојно да ги зголемат пробните лансирања на интерконтиненталните балистички ракети (ИБР). Ова го изјави портпаролот на РССН полковник Дмитриј Андреев, пренесува „Лента.ру“.

„За 2016 година се планирани 16 лансирања на ИБР кои предвидуваат реализација на тестирања на летовите на напредните модели на вооружување и контрола на техничката подготовка на ракетните системи кои се во состав на вооружувањето“, прецизираше Андреев.  

Покрај тоа, годинава РССН планираат да одржат над 100 командно-штабни, тактички и специјални воени вежби.

Андреев додаде дека годинава одработувањето на режимите на борбено дежурство во највисоки степени на борбена готовност ќе биде спроведено во над 40 ракетни полкови и единици за обезбедување на ИБР.

Во 2015 година РССН реализираа осум лансирања на ИБР.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња