Одбојкарите на Русија одат на ОИ-2016

Машката репрезентација на Русија во одбојка ја победи репрезентацијата на Франција во финалето на европскиот квалификациски турнир за ОИ-2016 и со тоа директно се пласираше на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Одбојкарите на репрезентацијата на Русија ја победија екипата на Франција во финалето на европскиот квалификациски турнир и обезбедија директно учество на Олимписките игри 2016 година во Рио де Жанеиро, соопштува РИА „Новости“.

Финалниот натпревар се одигра во неделата во Берлин и заврши со резултат 3:1 (14:25, 25:16, 25:23, 25:21) во корист на Русите.

Екипите на Франција и Полска, како репрезентации кои го освоија второто и третото место, ќе играат на светскиот квалификациски турнир што ќе се одржи во мај и јуни во Токио.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња