Во Москва се вози велосипед и на шеснаесет степени под нулата

И покрај температурата од шеснаесет степени под нулата, велосипедистите поминаа 14 километри низ центарот на градот.

Во Москва денеска беше одржана првата зимска велосипедска парада со цел да се поддржи велосипедската инфраструктура во рускиот главен град. И покрај температурата од шеснаесет степени под нулата, велосипедистите возејќи низ центарот на градот изминаа маршрута долга 14 километри, која подразбираше, меѓу другото, и поминување покрај познатите места како што се Храмот на Христос Спасителот и Кремљ, пренесува „РТ“.

Фотографиите од настанот исполнет со ведар дух и весела атмосфера веќе ги преплавија социјалните мрежи.

Велосипедската парада би требало да покаже дека зимата не претставува никаква пречка за развој на велосипедската култура и да го поддржи создавањето безбедна инфраструктура и поквалитетното чистење на улиците на главниот град, соопшти носителот на проектот Владимир Кумов.

Тој изјави дека и покрај тоа што многумина добро ги подготвија своите велосипеди, Москва може да се помине на обичен велосипед и „со толкаво количество реагенси може цела зима да се помине со летни гуми“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња