Руските одбојкари ќе играат финале на квалификацискиот турнир за ОИ-2016

Во финалето на 10 јануари репрезентацијата на Русија ќе игра со подобриот од второто полуфинале што се игра меѓу Франција и Полска.

Одбојкарите на Русија ја победија репрезентацијата на Германија и влегоа во финалето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри 2016 година.

Средбата се одигра во Берлин и заврши со резултат од 3:1 за Русите. Во финалето на 10 јануари репрезентацијата на Русија ќе игра со подобриот од второто полуфинале што се игра меѓу Франција и Полска. Истиот ден се игра и натпреварот за 3 место. Победникот на турнирот оди директно на Олимписките игри. Репрезентациите што ќе бидат на 2 и 3 место ќе играат на светскиот квалификациски турнир што ќе се одржи во мај-јуни во Јапонија.

Летните Олимписки игри ќе се одржат во Рио де Жанеиро од 5 до 21 август.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња