Министерката за здравство на РФ Вероника Скворцова му наложи на „Росздравнадзор“ да спроведе истрага по повод претепувањето до смрт на пациент во Белгород, соопшти директорот на одделот за јавно здравство и комуникација при министерството Олег Салагај, пренесува РИА „Новости“.
Претходно на интернет се појави видео на кое се гледа како еден лекар на белгородската градска болница Бр.2 удира пациент, по што мажот паѓа и не може да стане.
„Во врска со појавувањето на информации во медиумите за нанесување телесни повреди на пациент од страна на лекар кои резултирале со смрт, во една од болниците во Белгород, министерката за здравство на РФ Вероника Скворцова наложи на Федералната служба за надзор во сферата на здравството да се изврши проверка на наведениот факт“, соопшти Салагај.
Тој исто така истакна дека таквиот начин на однесување на лекарот е категорично недозволива од етичка гледна точка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче