Русија ги смета сите разговори на украинските власти за можно распоредување мировна мисија во Донбас како обид да се одвлече вниманието од неисполнувањето од страна на Киев на низа клучни одредби од „Минската спогодба“. Ова во петокот, 8 јануари, го изјави за ТАСС постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин, коментирајќи ги плановите на украинските дипломати да организираат посета за членовите на Советот за безбедност на истокот на земјата.
„Ги сметаме сите разговори за распоредување на истокот на Украина на некаква мировна мисија на ООН како обид да се одвлече вниманието од неисполнувањето од страна на Киев на низа клучни одредби на „Минската спогодба“ од 12 февруари 2015 година. Со нивна меѓународна имплементација, како што е познато, се занимава ОБСЕ, „на земја“ присуствува неговата Специјална набљудувачка мисија која ги има сите неопходни инструменти“, рече Чуркин.
Претходно постојаниот претставник на Украина во ООН Владимир Ељченко настапи со иницијатива да се поканат постојаните претставници на земјите-членки на Советот за безбедност во Донбас за да се убедат во неопходноста од распоредување миротворци во регионот. Според неговите зборови, тој дури и почнал да го дискутира ова прашање со претставниците на Франција и Обединетото Кралство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче