Инженерите на руската компанија „Аргус-НВ” работат на проект на нишан за оружје што ќе го направи снајперистот невидлив за непријателот, соопшти генералниот директор на компанијата Антон Софин.
„Почнавме работа над нишани за поефикасно користење на термовизиски и ноќни инструменти во ноќно време. Тие ќе функционираат на таква бранова должина која го спречува откривањето на позицијата на стрелецот“, изјави Софин, пренесува „Взгљад”.
Во октомври 2015 година беше соопштено дека на полигоните на Министерството за одбрана на РФ успешно се одржани проби на најновите термовизиски нишани за стрелечко оружје кои можат да работ дење и ноќе во тешки временски услови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче