Одбојкарките на Русија влегоа во финалето на олимписките квалификации

Женската репрезентација на Русија во одбојка ја победи репрезентацијата на Турција во полуфиналето на олимпискиот квалификациски турнир.

Женската репрезентација на Русија во одбојка ја победи репрезентацијата на Турција во полуфиналето на олимпискиот квалификациски турнир, соопштува „Интерфакс“.

Резултатот на средбата е 3:1 (21:25, 25:18, 25:12, 25:20) во полза на Русинките кои на тој начин влегоа во финалето. Во решавачкиот меч тие ќе играат против Холандија, која пак во полуфиналето ги победи Италијанките со 3:0. Финалето ќе се одигра во недела.

Олимпискиот квалификациски турнир се одржува во Анкара, Турција. Победникот директно ќе учествува на Олимписките игри – 2016. Репрезентациите кои ќе го заземат второто и третото место ќе играат на светските олимписки квалификации во мај 2016 година во Јапонија.  

Претходно машката репрезентација на Русија во одбојка се избори за полуфинале на олимпискиот квалификациски турнир што се одржува во Германија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња