Лимонов: Подготвувајте се за погроми, глупави Германци!

„Во земјата пуштија околу милион туѓи, диви волци во полна снага и врела крв и им дадоа можност да се шетаат меѓу овци. Тие на први јануари, разулавени од алкохол, ја покажаа нивната вистинска природа, потполно зла, криминална, похотлива“, ги коментира рускиот писател инцидентите со мигрантите во Келн.

Познатиот руски писател и политичар, основач на Национал-болшевичката партија, Едуард Лимонов напиша за порталот „Свободнаја преса” свое видување на инцидентот со мигрантите во германскиот град Келн кои на Нова година напаѓаа жени, по што беа пријавени и неколку случаи на силување. „Руска реч на македонски“ пренесува извадоци од неговиот текст.

„Во Келн на 1 јануари на отворено беше одиграна пиеса под наслов „Волци и овци“, во кој волците беа млади мигранти, а овците белите германски госпоѓици.

Беше тоа злокобна илустрација на сегашната трагедија која повеќе не може да се избегне. Во земјата пуштија околу милион туѓи, диви волци во полна снага и врела крв и им дадоа можност да се шетаат меѓу овци. Тие на први јануари, разулавени од алкохол, ја покажаа нивната вистинска природа, потполно зла, криминална, похотлива, можеме да кажеме „ѕверска“, ризикувајќи дека ќе ги навредиме ѕверовите.

Во земјата во која некој старец со негодување трча по тебе ако фрлиш парче хартија покрај канта за ѓубре стигнаа волци. Не е никакво чудо што тие ги протегаат шепите кон вашите жени и ја „кинат облеката“ од нив.

А што очекувавте?

Во дојдоа себични, дезертери, оние кои место да си ја бранат земјата од војна, оние кои се полакомија по туѓа богата земја.

Што друго можевте да очекувате?

Хероите и жртвите останаа таму. Хероите кои вршат подвизи и ја ослободуваат својата земја останаа таму. Жртвите или страдаа или толку ја изгубија силата што повеќе не можат да бегаат никаде.

А вам ви дојдоа млади, силни, претприемливи, агресивни дезертери. Подготвувајте с се за германски погроми, Германци. Ќе ве сотираат. А вие или ќе зајакнете во таа борба не на живот, ами на смрт, и со натчовечки напори ќе успеете да ги истерате волците од својата земја, или ќе ве прегазат, а вашите жени ќе си ги предаваат едни на други.

Тоа е страшната вистина.

Во Келн се одигра само првиот чин на германската национална трагедија. Вашата ситуација е безнадежна. Таа е таква што вашите старци ги извадија старите ордени и жолтите весници и леат солзи над старите фотографии“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња