Финска го екстрадира рускиот хакер Сенах по барање на САД

Максим Сенах, кого САД го обвинува за многубројни компјутерски измами и злоупотреби, беше уапсен во Финска и ќе биде екстрадиран во САД на барање на американското Министерство за правда.

Властите на Финска донесоа одлука за екстрадиција на Русинот Максим Сенах во САД, изјави Министерството за правда на Финска, пренесува РИА „Новости“.  

„Министерството за правда реши да го екстрадира Русинот Максим Сенах во Соединетите Држави за судска постапка“, се вели во изјавата на официјалниот сајт на министерството.

Државјанинот на Русија Максим Сенах беше приведен во Финска на 8 август 2015 година по барање на Министерството за правда на САД врз основа на договорот меѓу Финска и САД за екстрадиција во врска со престапи. Сенах е обвинет во државата Минесота за многубројни компјутерски измами и злоупотреби.

МНР РФ го нарече приведувањето на Сенах како „лов на вештерки“. Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјавуваше дека таквата политика нема ништо заедничко со спроведувањето на законот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња