Експертите претскажаа кога Европа ќе раскине со САД заради Русија и Кина

Во 2016 година сојузот на САД и Европа ќе биде послаб од кога било во текот на целата негова историја – прогнозираат Eurasia Group и „Карнеги центарот-Европа“.

Трансатлантското партнерство меѓу Европа и Америка се претвора во „празен сојуз“, се вели во прогнозата на компанијата за консалтинг Eurasia Group за 2016 година.

Политиколозите сметаат дека Европа сѐ повеќе ќе се сомнева во американското лидерство и заедничките вредности врз кои се изградени односите.

„Европа е поделена, ранлива и лошо се држи на нозе. Националните влади одат во разни правци“, се истакнува во извештајот, пренесува „РЕН.ТВ“.

„Денешните противречности многу потешко се надминуваат – тие го одразуваат длабокиот недостиг од доверба на европската јавност во идејата за Обединета Европа и во достигнувањата на глобализацијата. Таа несигурност се совпаѓа со опасниот процес на ерозија на трансатлантските односи“, се согласува и аналитичарот на „Центарот Карнеги“ Џуди Демпси.

Според мислењето на политиколозите, Париз е склон кон сојуз со Москва. Француската влада го смета тероризмот за најголема закана за целиот континент и, за разлика од Американците, Британците и Германците, води најактивна кампања во Сирија, додаваат експертите.

Велика Британија пак е за Кина поради економски причини – на земјата ѝ се потребни странски инвестиции за развој на инфраструктурни проекти.  

Аналитичарите на Eurasia Group очекуваат оваа година тие фактори да се одразат врз противречностите на Трансатлантскиот сојуз. А приоритетите на надворешната политика на Европа ќе заземат источен курс – кон Русија и Кина.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња