Властите на САД ловат руски државјани ширум светот, без оглед на разните меѓународни договори, напиша на Твитер специјалниот претставник на МНР Русија за човекови права Константин Долгов, пренесува РИА „Новости“.
Државјанинот на Русија Максим Сенах беше приведен во Финска на 8 август на барање на Министерството за правда на САД врз основа на договорот за екстрадиција меѓи Финска и САД.
МНР РФ го нарече неговото приведување „лов на вештерки“. На 8 јануари Министерството за правда на Финска реши да го екстрадира Сенах во САД за понатамошна судска постапка.
Константин Долгов исто како и во официјалното соопштение на МНР РФ изрази надеж дека „адвокатите ќе успеат да добијат повторно разгледување на одлуката за екстрадиција на руски државјани од Финска во САД“, а финските власти ќе ја земат предвид руската позиција во однос на ова прашање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче