Светската банка прогнозира пад на руската економија за 2016 година. Банката очекува намалување на реалниот БДП во Русија за 0,7%. Минатата година, според оценките, падот на економијата изнесувал 3,8%. За следната година рецесијата треба да биде заменета со пораст – за 1,3% БДП, пишува ТАСС.
Ова се бројките кои во новиот извештај на СБ „Глобални економски перспективи“ денеска беа објавени во Вашингтон. Во споредба со јуни минатата година, оценките на Светската банка за Русија се влошени за 1,1% за 2015 година, 1,4% за 2016 година и 1,2% за 2017 година. Во коментарите за индексите се наведува дека „економската активност ќе биде забавувана поради постојано ниските цени на нафтата и меѓународните санкции“. „Инвестициите се ограничуваат поради слабата доверба на инвеститорите и високите каматни стапки, а на потрошувачката ѝ штети острото намалување на куповната моќ на населението“, пишува во извештајот на Светската банка.
Според процената на СБ, цените на нафтата во светот (во просек за сортите Dubai, Brent и WTI) паднаа во светот во 2015 година за 46,5%. Во новата година се очекува намалување уште за 8,5%, а во следните две години – пораст за 7,2% годишно. Цените на нафтата во просек би требало да изнесуваат околу49 долари за барел. Економскиот раст во светот во целина според СБ за 2015 година изнесувал 2,4%. Годинава го очекува забрзување на темпото на раст на 2,9%, а следната – на 3,1%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче