Воздушно-космичките сили вршат тестирање на првиот сателит на космички систем кој е лансиран кон крајот на 2015 година, соопшти Министерството за одбрана на РФ.
Орбиталната група на Единствениот космички систем претставува основа за космичкиот ешалон на системот за предупредување за ракетни напади и овозможува значително намалување на времето за предупредување до воено-политичкото раководство на земјата.
Според информациите на МО РФ, во 2015 година дежурните сили на рускиот систем за предупредување за ракетни напади откриле околу 40 лансирања на странски и домашни балистички ракети за космичка намена, пренесува „Рамблер”.
Основата на радарските средства на копнениот ешалон на системот за предупредување за ракетни напади го прават радарските станици од новата генерација „Воронеж”. Четири нови радарски станици „Воронеж” на територијата на Ленинградската, Калининградската, Иркутската област и Краснодарскиот крај вршат борбено дежурство, вршејќи радарска контрола над потенцијално опасните правци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче