Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на православните христијани и сите граѓани на Русија Божик, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува РИА „Новости“.
„Овој празник ни дарува радосно расположение, ги буди најсветлите чувства и мисли. Нѐ обединува околу идеалите на доброто, љубовта и милосрдието. Овие ненадминливи вредности играат особена улога во историјата на Русија во текот на многу векови претставуваат духовна, морална потпора на општеството“, се вели во честитката на претседателот.
Путин потенцираше дека Руската православна црква и другите христијански конфесии во Русија во наше време ги продолжуваат традициите на одговорна служба, им помагаат на луѓето да ја најдат верата, ги зајакнуваат на нивниот животен пат.
Претседателот Путин исто така ја истакна улогата на христијанските конфесии во РФ во воспитувањето на младите генерации, зајакнувањето на институцијата семејство, мајчинството и детството, хармонизацијата на меѓунационалните и меѓуверските односи. Според неговите зборови, таквата голема, сериозна работа заслужува длабока и искрена почит.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче