Липецк „најправославен“ град во Русија

Резултатите од истражувањето спроведено пред Божик со цел да го утврди степенот на вклученост на граѓаните во православната вера, покажа дека Липецк е најпримерен православен град во РФ.

Липецк е „најправославниот“ град во Русија, покажуваат резултатите од истражувањето кое пред Божик го спроведе Одделот за социологија на Финансискиот универзитет при Владата на РФ.

Целта на истражувањето беше да се утврди степенот на вклученост на граѓаните во различни делови на земјата во православната вера и култура. Истражувањето е спроведено меѓу возрасно население во градови со преку 250 илјади жители. Се покажа дека мнозинството жители на Централна Русија е заинтересирано за религија.

Градот Липецк, во кој 95% испитаници се декларираа како православни или следбеници на православната вера и култура, се најде на врвот на листата. И во Курск тој процент е висок и изнесува 94%, во Белгород 91%, Воронеж 90%, Тамбов 89%, Рјазањ 88%, Калуга 86%, а во Брјанск 79%.

Истражувањето покажа дека и покрај тоа што сите православни верници се крстени и ја имаат Библијата, само 12% оди на богослужба неколкупати месечно или почесто и само секој десетти ги знае основите на православната веронаука, пишува „Росијскаја газета“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња