Во украинската амбасада во Вашингтон вчера беше одржан состанок со директорот на вашингтонската канцеларија на американската компанија „Кока-кола“ Кејт Ирвин. Таа на состанокот официјално се извини поради недоразбирањето до кое дојде откако руското претставништво на компанијата објави карта на Русија со Крим, пренесува „Взгљад“.
Кејт Ирвин предаде писмо од постариот потпретседател на компанијата Клајд Тагл адресирано до украинскиот амбасадор во САД Валериј Чали. Писмото беше извинување поради објавувањето на картата „за која беше задолжена независна агенција без знаење на компанијата“. Сепак, како што беше речено, компанијата ја прифаќа целата одговорност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче