Приливот на странски туристи во Русија се зголеми за 1,5 милиони лица во 2015 година, што е за 8% повеќе од 2014 година, изјави во Сочи министерот за култура на Русија Владимир Медински.
Тој истакна дека во минатата година излезниот туризам се намалил за околу 20%, пренесува РИА „Новости“.
„Според резултатите за минатата година, влезниот туризам покажа раст за околу 1,5 милион туристи, тоа е 8%. Ако зборуваме за влез на странци, земјите од доаѓа основниот прилив во Русија се Кина, Германија, САД, Велика Британија, Франција, Кореја, Финска и Шпанија“, соопшти Медински.
Според неговите зборови, најголем пораст на туристички прилив исто така покажале и Иран, Индија и Кина. Растот на популарноста на Русија кај странските туристи се гледа и од нивната желба да патуваат по земјата во текот на целата година.
„Ако основниот дел туристи доаѓаа во Русија во топла сезона, во 2015 година првпат се појави побарувачка за зимски тури. Тоа кажува дека на странците им станало значително поевтино да одмораат кај нас“, прецизираше Медински.
Тој додаде дека влезниот туризам овозможува да се врши извоз на туристички услуги. Исто така тој позитивно влијае на имиџот на Русија. Затоа првпат изминатата година беа отворени пет маркетинг-претставништва за пропаганда на влезниот туризам во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче