Киев реши да иницира „голема постапка“ против Русија во меѓународниот суд на ООН поради тоа што, според мислењето на Украина, Москва ја прекршила конвенцијата за поддршка на тероризмот, изјави министерот за правда на Украина Павел Петренко.
„Следнава годна ќе биде поврзана со иницирање голема постапка во меѓународниот суд на ООН, каде Украина ќе се обрати со тужба против Русија во однос на прекршувањето на конвенцијата за поддршка на тероризмот“, рече Петренко.
Според неговите зборови, украинската страна веќе собрала докази и го привршува предсудскиот процес на комуникација со руската страна по наведеното дело, и веднаш потоа има намера да се обрати до судот, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче