Нуклеарните тестирања на Северна Кореја го нарушуваат духот на Договорот за целосна забрана на нуклеарните тестирања (ДЦЗНТ) и ја загрозуват националната безбедност на Русија, напиша на својот Фејсбук-профил претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов, пренесуваТАСС.
„Севернокорејската нуклеарна програма ја реализира држава која има заедничка граница со Русија. Од Пјонгјанг до Владивосток има помалку од 700 км. И секое дејствие во дадената насока директно влијае на националната безбедност на нашата земја“, истакнува тој. „Доколку информацијата за нуклеарно тестирање на Северна Кореја не се покаже како лажна (а информациите на надворешната објективна котрола во моментов, за жал, сведочат за обратното)“, тогаш станува збор (за уште едно нарушување на духот на ДЦЗНТ од страна на Пјонгјанг“.
Косачов напоменува дека важечкиот де-факто документ за нуклеарното оружје од редовите на нуклеарните држави не го потпишале само три – Северна Кореја, Индија и Пакистан. Потпишан е, но не е ратификуван од пет земји, вклучително и од САД. Освен тоа, САД и Северна Кореја беа единствените држави кои се заложија пред десет години против резолуцијата на ООН за поддршка на ДЦЗНТ, истакнува тој.
Според Косачов, одговорноста за спречување на корејската нуклеарна закана лежи кај Вашингтон. „Интересно ќе биде да се види однесувањето на САД. Тоа е случај кога врз нив лежи навистина особена одговорност и уникатна можност да покажат лидерски принципи. Да почнат од себе“, заклучува шефот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче