МНР РФ со соопштение за наводните нуклеарни проби на Северна Кореја

Дејствијата на Северна Кореја се исполнети со опасно заострување на состојбата на Корејскиот полуостров кој и онака се одликува со висок потенцијал за конфликт, соопшти МНР РФ во коментарот за тестирањето на хидрогенска бомба од страна на Пјонгјанг.

Министерството за надворешни работи на РФ во коментарот на соопштението на Пјонгјанг за тестирање на хидрогенска бомба соопшти дека дејствијата на Северна Кореја се полни со опасна закана за заострување на состојбата на Корејскиот полуостров која и онака се одликува со висок потенцијал за конфронтации, пишува РИА „Новости“.

Претходно Северна Кореја објави соопштение на државната телевизија во кое се тврди дека успешно извршила тестирање на хидрогенска бомба.  

Русија ќе го смета тестирањето на хидрогенската бомба, доколку наведените факти бидат потврдени, за грубо кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, соопшти МНР РФ.

МНР РФ исто така апелираше до меѓународната заедница да биде максимално воздржана во процената на информациите за нуклеарни проби во Северна Кореја.

Министерството го истакнува официјалниот став на Москва според кој  конфликтот на Корејскиот полуостров треба да се решава исклучително по дипломатски пат, се вели во соопштението на рускиот дипломатски ресор.

.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња