Кремљ загрижен од соопштението на Северна Кореја

Претседателот на Русија Владимир Путин даде налог детално да се проучат податоците од сите станици и да се изврши анализа на ситуацијата доколку се потврдат информациите за тестирањето на хидрогенска бомба во Северна Кореја, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Кремљ изразува исклучителна загриженост по повод соопштението на Северна Кореја за тестирање на хидрогенска бомба, нагласи Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.

„Москва е исклучително загрижена по појавата на информациите за тоа дека Северна Кореја извршила тестирање на хидрогенска бомба“, изјави тој.

„Претседателот Владимир Путин даде налог да се проучат податоците од сите мерни станици, вклучувајќи ги и сеизмолошките, и да се анализираат ситуациите во случај да се потврдат информациите за тестирањето“, изјави Песков,  пренесува „РИА Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња