Ако актуелниот претседател на Украина Петро Порошенко не сака да води директен дијалог со Донбас, тоа ќе го стори друг претседател на земјата, изјави претседателот на Донецата Народна Република Александар Захарченко.
„Претставниците на Донбас повеќепати кажуваа дека се подготвени на дијалог со Украина, но Украина не е подготвена на тоа. Не е подготвена затоа што почетокот на директен дијалог би значело индиректно признание дека казнената операција на Киев во Донбас, таканаречената антитерористичка операција, е незаконска. Одамна е време да се сфати дека судбината на Украина се решава овде, во Донецк, а не во Москва или, уште помалку, во Берлин или Париз.
Народот на Донбас ја изрази својата волја на референдум и успешно ја брани својата одлука со оружје в раце. Затоа Киев, сакал-не сакал, ќе мора да води дијалог директно со нас. Ако тоа не може да го стори Порошенко, значи, тоа ќе го стори друг претседател на Украина“, изјави Захарченко, пренесува РИА „Новости”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче