Преведувачот на „Гугл“ ја нарече Руската Федерација „Мордор“

Сервисот Google Translate при преведувањето на некои зборови и фрази од украински на руски јазик дава произволен превод.

Сервисот Google Translate почна на свој начин да преведува некои зборови и фрази од украински јазик на руски, пишува РИА „Новости“.

Така, терминот „Російська Федерація“ (од украински) се преведува како „Мордор“ (назив на област од познатите дела „Господарот на прстените“ на писателот Џ. Толкин), презимето на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го преведува како „тажно коњче“.

Покрај тоа, некои украински медиуми соопштија дека зборот Руси „росіяни“ се преведува како „окупатори.

„Гугл“ ја објасни грешката во преводот на зборот „Русија“ од украински јазик со сложеноста на алгоритамот кој се базира на анализа на мноштво документи и вети дека ќе ја исправи грешката.

„Google Translate“ е автоматски преведувач кој работи без учество на луѓе, користејќи само алгоритми. Кога Google Translate прави автоматски превод, тој користи примери од стотици милиони документи за да определи која варијанта може да биде најточна“, изјави прес-службата на „Гугл“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња