Почина началникот на Военото разузнавање на ВС РФ

Началникот на Главната управа за разузнавање (ГРУ) на Генералштабот на ВС РФ Игор Сергун почин н 3 јануари 2016 година на 59-годишна возраст.

Престседателот на Русија Владимир Путин им изрази сочувство на роднините и пријателите на началникот на Главната управа за разузнавање (ГРУ) на Генералштабот на ВС Ф Игор Сергун во врска со неговата неочекувана смрт, нарекувајќи го човек со голема храброст, соопшти прес-службата на Кремљ во понеделникот, а пренесува РИА „Новости“.

Началникот на ГРУ на Генералштабот на Вооружените сили на Руската Федерација -  заменик-началникот на Генералштабот на ВС РФ генерал-полковник Игор Сергун почина на 3 јануари 2016 година на 59-годишна возраст.

„Колегите и подредените го познаваа како вистински борбен офицер, искусен и компетентен командир, човек со голема храброст, вистински патриот. Го почитуваа заради професионализмот, силниот карактер, чесноста и интегритетот“, се вели во соопштението.

Рускиот лидер исто така истакна дека целиот свој живот Сергун го посветил на службата на Татковината и вооружените сили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња