Пентагон: Русија не треба да ги смета САД за закана

Русија не би требало да ги смета САД за закана, изјави портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис, коментирајќи ја новата руска стратегија за национална безбедност.

Коментирајќи ја новата руска стратегија за национална безбедност, портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис изјави дека Русија не би требало да ги смета САД за закана.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на 31 декември ја одобри новата верзија на стратегијата за национална безбедност со која се заменува претходната од 2009 година. Во Стратегијата е наведено дека независната надворешна и внатрешна политика на Русија предизвикува отпор кај американската страна и нејзините сојузници кои сакаат да ја задржат својата доминација во односите во светот, пренесува „Взљад“.

„Немаат причина да нѐ сметаат за закана... Ние не сакаме конфликт со Русија... Меѓу нас има несогласувања... но би било во основа погрешно да се гледа на САД како на закана за Русија“, рече Деjвис, пренесува „Франс-Прес“.

Претходно генералот Џозеф Данфорд, командант на Здружената команда на американската војска изјави во понеделникот дека токму САД и понатаму ја сметаат Русија за закана.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња