Министерството за надворешни работи на Русија повика на спроведување истрага за информациите кои доаѓаат од Турција во врска со испораките на хемиско оружје за терористите на „Исламската држава“, изјави шефот на Одделението за прашања по неширење и контрола на вооружувањето при МНР РФ Михаил Уљанов.
Тој потсети дека релативно неодамна еден турски пратеник обрна внимание на фактите кои зборуваат за можни испораки на компоненти за отровот „Сарин“ кои од Турција ги добивале џихадистите во Сирија.
„Овие факти треба да бидат истражени и не само по пат на утврдување на фактите во рамките на Организацијата за забрана на хемиското оружје при ОН, туку и по пат на заеднички механизам на ОЗХО УН за истрага на таквите факти. Тој механизам почна да функционира на почетокот на ноември, картите се во нивни раце“, рече Уљанов, а пренесува „РТ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче