Младинската репрезентација на Русија во хокеј втора година по ред ќе игра во финалето на светското првенство. Руските спортисти во полуфиналето ја победија репрезентацијата на САД на првенството што се одржува во Финска, пренесува РИА „Новости“.
Средбата се одржа во „Хартвал Арената“ во Хелсинки и заврши со резултат 2:1 (0:1, 2:0, 0:0) за Русија. Кристиан Дворак (10 минута) ги доведе Американците во предност, на што Русите одговорија со головите на Павел Красковски (36) и Егор Коршков (38).
Во финалето на 5 јануари Русија ќе игра со домаќинот Финска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче