Откако Русија успешно ги примени своите нови бомбардери Су-34 во воената кампања во Сирија, многу земји ќе посакаат да ги набават овие авиони, смета аналитичарот на американскиот „Национален интерес“ Дејв Маџумдар.
Тој истакнува дека најверојатно Алжир ќе биде првиот клиент што ќе го набави новиот Су-34, пренесува РИА „Новости”.
Аналитичарот смета дека Русија во текот на операцијата на своите Воздушно-космички сили во Сирија покажала дека од распадот на СССР постигнала големи успеси во развојот на технологиите.
„Су-34 во иднина ќе го замени Су-24. За разлика од неговиот претходник, Су-34 има поголеми можности за одбрана во воздух“, истакнува Маџумдар.
Аналитичарот истакнува дека со ракетите од мал дострел R-73 бомбардерот Су-34 носи и ракети со далечен дострел од типот воздух-воздух R-77, што значи дека авионот може да реализира борбени дејствија без дополнително покривање.
„Су-34 може да учествува во борби воздух-воздух, но истовремено е и јуришен авион. Борбениот радиус на дејствување му е околу 700 милји (околу 1130 километри) без дополнително полнење на резервоарот. Авионот е опремен и со систем за полнење на резервоарите во воздух“, наведува аналитичарот дел од карактеристиките на авионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче