Во 2016 на пазарот би можел да се врати легендарниот бренд „Москвич”

Делумно унапредениот „Рено Логан“ од прва генерација би можел повторно да се појави на рускиот пазар како „Москвич”.

Францускиот произведувач на автомобили „Рено“ во својата фабрика во Москва го заврши 10-годишниот циклус на производство на седанот „Логан“ од прваа генерација.

Сега компанијата ќе се концентрира на „Логан“ од втората генерација кој истовремено се произведуваше и во фабриката на „АвтоВАЗ“. Двата автомобила се достапни на пазарот, макар што старата верзија не може да се најде кај сите дистрибутери. Разликата во цената е само 10 илјади рубли (409 000 и 419 000 рубли).

Меѓутоа, според информациите на извор на порталот CarPark, делумно унапредениот „Рено Логан“ од првата генерација би можел повторно да се појави на рускиот пазар како „Москвич” (Французите веќе бараа право да го користат познатиот советски бренд). Сепак, за волја на вистината, производството директно зависи од економската ситуација во Русија во текот на следните неколку месеци. Сепак, според најновите информации на „Росијскаја газета“, руската агенција за авторски права ќе донесе официјална одлука за брендот „Москвич“ дури следната година.   

Како што потсетува експертот Игор Маржарело, „Рено“ има добро искуство со користењето стари имиња.

„Во свое време во Романија марката „Дачиа“ го изгуби своето реноме. Но „Рено“ на овој бренд му вдахна нов живот и сега под овој бренд се произведуваат популарните модели во Европа „Логан“, „Сандеро“ и „Дастер“, објаснува тој.

Во руското претставништво „Рено Русија“ не сакаа да ја коментираат можноста за враќање на брендот „Москвич”.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња