Варшава сака НАТО да распореди сили на нејзина територија

Полска сака да има ист статус на безбедност во НАТО како западноевропските земји, изјави шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски.

Полска би сакала да има ист статус на безбедност во НАТО каков што имаат и западноевропските земји, а еден чекор кон тоа би било распоредувањето сили на Алијансата на нејзина територија. Вакво мислење искажа министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски во интервју за германски „Билт“, пренесува ТАСС.

„Би сакале поголемо разбирање од страна на Германија што се однесува до нашата политичка ситуација“, изјави тој, одговарајќи на прашање каде би можел Берлин да ѝ пружи поддршка на Варшава.

„На пример, Полска 16 години е членка на НАТО. И до ден-денес нашиот статус на безбедност во голема мера заостанува зад западноевропскиот. Сакаме во Полска да бидат базирани делови на НАТО за да исчезне таа нееднаквост. Ние не бараме предност, само еднаквост за нашиот дел на Европа. Германската страна со години го попречува тоа, затоа што не сака да ја провоцира Русија“, изјави Вашчиковски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња