МО РФ: ВКС Русија добија уште еден полк С-400 за заштита на Москва

Уште два полковски системи С-400 во 2015 година доби ПВО на воените окрузи,

Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија добија нов полковски комплет на ракетниот систем С-400 „Триумф“, кој ќе ги покрие Москва и Централниот индустриски реон, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на РФ, пренесува ТАСС.

„Новиот полковски комплет на ракетниот систем С-400 „Триумф“ пристигна на местото на постојана локација во Московската област со железнички транспорт од полигонот Капустин Јар во Астраханската област, каде беа одржани испитно-боеви гаѓања“, соопштија од министерството.  

„По поставувањето на новиот систем на борбено дежурство во составот на единиците на ПВО ВКС ќе има четири ракетни полкови, комплетирани со најновите ЗРС С-400 „Триумф“ кои ќе ја обезбедуваат противвоздушната одбрана на Москва и Централниот индустриски реон“, прецизираа од прес-службата.

Уште два полковски комплети С-400 во 2015 година им беа предадени на единиците на ПВО на воените окрузи, потсети министерството. Како што беше соопштено во декември, до крајот на 2015 година бројот на полковите опремени со С-400 порасна на 11. Во 2016 година се очекува испорака на уште пет комплети, така што руската армија ќе има 16 комплети С-400 „Триумф“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња