Три месеци по почетокот на руската воздушна операција против ИД во Сирија, американските претставници конечно признаа дека Москва го прави вистинското нешто, пишува британски „Дејли Експрес“.
Вашингтон долго ги критикуваше потезите на Владимир Путин на Блискиот Исток, обвинувајќи го рускиот лидер дека му пружа поддршка на многу сомнителниот режим на Башар Асад.
Меѓутоа, еден од припадниците на американската разузнавачка служба изјави дека руските воздушни напади се ефикасни од гледиште на борбата против тероризмот: „Русите воопшто не отидоа непромислено во Сирија: откако ја платија својата цена, извлекоа одредени предности“, пренесува британскиот весник.
Според податоците на Кремљ, и покрај тоа што руските војници од почетокот на воздушната кампања извршија над 5 илјади напади, тие не претрпеа речиси никакви загуби. Оваа кампања беше поволна за Москва и во финансиски поглед.
Годишниот одбранбен буџет на Русија изнесува околу 54 милијарди долари, а според зборовите на руските претставници, сириската кампања ќе ја чини Москва 1-2 милијарди долари годишно.
Висок американски функционер изјави: „Без сомнение, позицијата на Асадовиот режим со руската воена поддршка е посигурна од претходно“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче