Грушко: Никакви „жешки линии“ не можат да заменат дијалог меѓу РФ и НАТО

Постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко изјави дека Русија не ги затворила каналите за комуникација со НАТО.

На почетокот на 2015 година военото раководство на НАТО ѝ достави на руската страна обновени броеви на дежурните телефони во НАТО, соопшти во интервју за „Интерфакс“ во Брисел постојаниот претставник на РФ во Алијансата Александар Грушко.

„Прашањето е во друго: никакви „жешки линии“ не можат да го заменат системскиот дијалог меѓу војските, во многу нешта и поради тоа беше формиран Советот Русија-НАТО. Ќе потсетам дека ние не ги затворивме каналите за таков дијалог“, изјави рускиот дипломат.

„Затоа, доколку во НАТО сериозно сметаат дека контактите по воена линија претставуваат важен стабилизирачки фактор, тогаш Алијансата треба да ги направи првите чекори кон нивна обнова. Ако пристигнат некакви конкретни предлози, се разбира, ние ќе ги проучиме“, истакна Грушко.

Дипломатот додаде дека „во рамките на постојаното претставништво на Русија во НАТО во скратен состав продолжува да работи персоналот на главниот воен претставник, во чија функција влегува, меѓу другото, и обезбедувањето комуникација меѓу воените ресори на Русија и НАТО“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња