Русија спрема Бугарија покажа разбирање во кризната ситуација во врска со испораката на руски гас до која дојде поради бугарската компанија „Овергас”, изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов.
Пред нова година беше соопштено дека бугарската приватна компанија „Овергас” поради долгови би можела да го загуби правото на испорака на руски гас од компанијата „Гаспром експорт” за Бугарија, пренесува „Взгљад”.
Министерството за надворешни работи на Русија ги демантираше информациите кои се појавија во бугарските медиуми за запирање на увозот на гас и истакна дека испораките дури би можеле да бидат и зголемени.
„Русија и „Гаспром“ не сносат никаква одговорност за ситуацијата со компанијата „Овергас”, изјави бугарскиот премиер.
Борисов додаде дека раководството на компанијата „Овергас” дури на 31 декември ја предупредило владата за проблемите со испораките на гас.
Според неговите зборови, неодговорното однесување на компанијата можело да доведе до „колапс на енергетскиот систем на земјата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче