Сопартиец на Меркел изјави за штетноста на антируските санкции за Германија

Потребно е да се запрашаме дали автоматизмот „еднаш санкции, засекогаш санкции“ има некаква основа, изјави премиерот на Баварија и партнер на Ангела Меркел во владејачката коалиција Хорст Зеехофер.

Премиерот на Баварија и сопартиец на Ангела Меркел во владејачката коалиција Хорст Зеехофер пред својата посета на Москва се заложи против антируските санкции, пренесува РИА „Новости“.

Санкциите им нанесуваат неверојатна штета на економијата и земјоделството на Баварија“, изјави тој за весникот „Билт ам Зонтаг“. „Треба да се запрашаме дали има основа автоматизмот „еднаш санкции, засекогаш санкции“.

„Колку порано се откажеме од реториката на студената војна, толку подобро за Баварија и Германија“, додаде тој.

Како што соопштуваат германските медиуми, Зеехофер има намера да се сретне со Владимир Путин на четврти февруари.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња