Порошенко се пофали

Претседателот на Украина Петро Порошенко се пофали со фотошопирана фотографија од насловната страница на угледниот магазин „Економист“.

Во неделата на Твитер-профилот на Порошенко се појави фотографија од ноемврискиот број на „Економист“, на која место на фотографијата од претседателот на Русија Владимир Путин се најде украинскиот лидер, пренесува „Лента.ру“.

„Некои подароци се примаат не како комплимент, туку како лична одговорност. Се приклучува на распоредот за празниците“. Подоцна соопштението заедно со снимката беше отстрането.

На оригиналната насловна страница „Светот во 2016“, специјално издание на „Економист“, во кое се даваат прогнози за 2016 година, Порошенко воопшто не фигурира.

Гафот на украинскиот претседател наиде на многубројни коментари на социјалните мрежи, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња