Медиум: Путин е личност на годината

Францускиот магазин „Булевар Волтер“ смета дека рускиот претседател Владимир Путин е без сомнение најсериозниот претендент за звањето „личност на годината“ затоа што преставува симбол на враќањето на Русија на меѓународната сцена.

Претседателот на Русија Владимир Путин секако е најсериозниот претендент за звањето „личност на годината“. Тој стана симбол на враќањето на Русија на меѓународната сцена, има имиџ на лидер кој со својата појава се разликува од повеќето други политичари. Владимир Путин претставува олицетворение на Русија во очите на мнозинството руски граѓани. Во март 1992 година повторно е избран во првиот круг за претседател со 63% гласови, а  неговиот сегашен рејтинг може само да ги натера повеќето други претседатели да „позеленеат од мака“, а меѓу останатите и нашиот (Франсоа Оланд), се вели во текстот објавен во магазинот „Булевар Волтер“ авторот Кристиан Ванест.

Дали е можно да се биде деголист и да се воодушевуваш од Реган и Маргарет Тачер од почетокот на осумдесеттите години од минатиот век и истовремено високо да го цениш Путин? Се разбира, одговорот е „да“. Изгледа дека овие политички и историски дејци апсолутно не личат едни на други. Тешко дека би се нашле многу заеднички нешта меѓу англосаксонскиот либерализам и социјализмот, водечките улоги на генералот Де Гол и патриотизмот на поранешниот офицер на КГБ кој со еден потег во руската историја ги обедини царското минато и советската победа над нацизмот. Всушност кај овие луѓе постои една заедничка црта која е поважна од сите други разлики. Тие претставуваат олицетворение на подемот на своите земји, пишува францускиот магазин.

Претседателот на Русија и основачот на Петтата република ги спојуваат мноштво вредности. Главната нитка на нивната политика  патриотизмот. Националниот интерес се наоѓа над идеологијата, истакнува авторот на текстот и потсетува дека за Путин Русија не е родена 1917 ниту 1991 година. „Прагматизмот што се наоѓа во служба на националните интереси исто така води кон единство на политичките ставови“.  

Французите треба да гледаат на Владимир Путин со носталгија и надеж. Токму личност од таков калибар ѝ е потребна на земјата ако се сака нејзин подем. Во секој случај на Франција ѝ е потребна промена на односот спрема Русија. Комплементарноста на руската Евроазија и Западна Европа е очигледна. Русија и Франција имаат иста култура (христијанска) и исти интереси. Крајно време е да го сфатиме тоа, пишува „Булевар Волтер“, а пренесува „Иносми.ру“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња