Новата ракета со зголемен дострел за рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“, чие тестирање е во завршна фаза, овозможува во целост да се реализираат можностите на овој систем, соопшти извор од воената индустрија, пренесува РИА „Новости“.
„Тестирањето е завршено. Оваа ракета овозможи во целост да се реализираат можностите на системот“, изјави изворот.
Според неговите зборови, ракетата ќе обезбеди „најголем дострел“. „Системот фактички ќе биде опремен со сите типови ракети кои се предвидени со тактичко-техничкиот план“, истакнува соговорникот.
Началникот на Противвоздушните ракетни сили на Русија генерал-мајор Сергеј Бабаков во јули 2015 година соопшти за тестирањето на ракета со зголемен дострел за С-400.
Секој ПВО ракетен систем С-400 може истовремено да гаѓа до 36 цели со 72 ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче