Феноменот на „тројно сонце“ предизвика бурна расправа во јавноста.
Сепак астрономите тврдат дека тоа е обична оптичка илузија (ореол) на која луѓето не секогаш ѝ обрнуваат внимание. Таквата појава настанува околу силни извори на светлина поради насобирање на ледени кристали во цирусите на тропосферата. Токму тие кристали ги прекршуваат сончевите зраци.
„Во Сибир во текот на зима со мразеви тројното сонце може да се види трипати дневно. Вистина, ние не секогаш можеме да ги видиме во целост таканаречените „лажни“ сонца, туку гледаме само фрагменти. Три, понекогаш дури и пет „лажни“ сонца може да забележи нашиот вид само при поволни услови за тоа“, ги цитира „Росијскаја газета“ зборовите на раководителот на Омскиот планетариум Владимир Крупко.
Експертот изјави дека првите денови од новата година температурата на воздухот нагло опаднала, што е причина за замрзнување на влагата од атмосферата. Затоа ореолот бил толку видлив, пренесува „РЕН.ТВ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче