Солана смета дека ЕУ, која се реши на приближување со Анкара поради бегалската криза, борбата против „Исламската држава“ и понатаму е на прво место. А дека споменатата борба бара соработка со Москва, тоа веќе членките на ЕУ го признаа.
По ноемвриските терористички напади во Париз, обидите за зајакнување на меѓудржавната соработка во борбата против тероризмот, помеѓу другото и меѓу Франција и Русија се интензивирани. Доколку Турција сака подобрување на односите со Унијата, ќе мора и самата да се приклучи на тоа, пишува Солана во колумната за Project Syndicate.
Тој нагласува дека токму Турција поради својата близина со Сирија би можела да одигра важна улога во воспоставувањето мировен процес во регионот, доколку би го немало влошувањето на односите со Русија по соборувањето на рускиот авион од страна на Анкара.
Затегнатите односи со Москва не само што предизвикаа економски санкции, туку и негативно се одразија врз позицијата на Турција во Сирија. Русија ги опреми своите авиони во регионот со ракети воздух-воздух, што би можело да го ослаби влијанието на Анкара на североисточната граница со Сирија, смета Солана.
Актуелната положба на Турција Солана ја дефинира како „замрсено клопче“ од кое таа ќе може да се извлече доколку се придржува до „стратешки пристап“, помеѓу другото, и ако признае дека стабилизацијата во Сирија е неопходна и засекогаш да ја разјасни својата улога во борбата против ИД.
Турција неодамна успешно ја покажа умешноста за надминување сериозни кризи, па имајќи го тоа предвид, Анкара не смее да се откаже од идејата за помирување со Русија. Таквиот пристап без сомнение ќе ја олесни контролата врз многубројните ризици кои се зголемуваат поради сириската криза, смета Солана, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче