Руски научници пронајдоа три нови хемиски елементи

Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC) објави дека ги признава новите елементи од Периодниот систем на Менделеев со атомските броеви 113, 115, 117 и 118.

Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC) објави дека ги признава новите елементи од Периодниот систем на Менделеев со атомските броеви 113, 115, 117 и 118.

Потврдено е дека првенство во откривањето на елементот со атомски број 113 му припаѓа на научно-истражувачкиот тим од јапонскиот институт Рикен, на елементите со броевите 115 и 117 на тимовите од Обединетитот институт за нуклеарни истражувања во Дубна (Русија), Националната лабораторија Ливермор (САД) и Националната лабораторија Оук Риџ, и на елементот со атомски број 118 – на научните тимови на Обединетитот институт за нуклеарни истражувања и Националната лабораторија Ливермор.

Синтезата на елементите 115, 116 и 118 е извршена во институтот во Дубна со  реакција на забрзани јони Са-48 со актинидни цели, а остварените резултати  од реакциите беа потврдени од научници од Германија и САД, пишува „Газета.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња